АМС ќе има нов директор

0

Наумче Мојсоски, поранешниот ракометен репрезентативец на Македонија набрзо треба да биде именуван за нов директор на Агенцијата за млади и спорт.

Тој ќе дојде на местото на  Дарко Каевски кој по последните парламентарни избори стана пратеник во Собранието.  Средниот бек кој кариерата ја финишираше во романскиот состав Букурешт во 2016 година, претходно настапуваше и за Лехвија, Металург, Вардар, Риоха, Пелистер, Југ и Струга.

Мојсовски во дресот на нашата селекција има одиграно 108 мечеви и постигнато 163 голови.

 

Share.

Leave A Reply