АМС со нови активности

0

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската Комисија преку програмата Еразмус плус – „Европска недела на спорт“. Апликацијата и замислата на целиот проект беше под водство на Александра Дичевска, советник за меѓународна соработка во Агенцијата за млади и спорт и Национален координатор за проектот.

АМС ги информира сите Општини со соодветните сектори за спорт, спортските клубови, здруженија, образовни спортски академии и високо образовни спортски институции и Национални спортски федерации, дека во периодот што следува ќе се организираат редовни средби, состаноци, за учество и улога на сите наведени институции во Европската недела на спортот, која ќе се реализира во периодот од 23-30.09 2018 а во која, покрај многубројните активности во текот на целата недела.

Целта на проектот е спорт за сите возрасни категории, на сите места, во секакви услови а крајниот ефект е остварување на идеите на Европската недела на спортот.

 

Share.

Leave A Reply