Најавените мерки на државата за спортистите и спортските работници се донесени на седница на Владата, а Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски денеска ги истакна мерките кои државата ќе ги превземе за спортот во времетраење на пандемијата со вирусот Ковид-19.
„Во време на пандемија на коронавирусот во овие вонредни времиња мора да се донесуваат и вонредни мерки. Токму затоа во изминатите недели бевме фокусирани да го одржиме спортот во нормала по оваа пандемија. Се утврди исплаќање на финаниска поддршка на спортстите, спортските работници, и истата ќе се исплатува врз основ на работен договор на секој оној кој се занимава со дејноста спорт. Тоа се минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај, средства наменети директно за спортистите и спортските работници со цел одржување на своите места во оваа кризна ситуација“, рече Каевски кои ги објасни условите со кои клубовите може да ја побараат оваа помош.
„Клубовите треба до 15 април да достават барање до националната федерација, а потоа федерациите во рок од 7 дена да доставува барање до АМС“, истакна Каевски.
Креиран е и дополнителен пакет на мерки, кои ги образложи директорот на АМС.
„Креиравме и дополнителен пакет мерки, со кои ќе се олесни работата и функционирањето на клубовите во оваа тешка состојба. Помош од АМС ќе добијат клубовите кои имаат регистрирано минимум 40 млади спортисти во индивидуалните спортови, односно 80 млади спортисти во екипните спортови. АМС по завршувањето на оваа пандемија, покрај оваа поддршка, ќе ги финансира програмите на индивудалните врвните спортисти на олимписките спортови. АМС ќе донесе предлог до Владата за 50% за намалување на цената на спортските објекти. Во соработка со федерациите, предложивме да бидат ослободени клубовите од котизација кои мора да ја платат до крајот на оваа 2020 година. Што се однесува до спортските ваучери тие остануваат како мерка за помош на клубовите и федерациите, а по завршувањето на кризата, ние како агенција заедно со мојот тим ќе се вложиме за реализација на спортскиот ваучер како што беше на крајот од минатата година “, дополни Каевски.