Анчелоти доби откази и покрај победата над Генк

0

Наполи го доби натпреварот против генк во Лигата на шампионите, но и покрај тоа по мечот му даде отказ на тренерот Карло Анчелоти и тоа само неколку часа откако заврши овој натпревар со кој Наполи се пласираше во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

Веста беше официјално објавена од клубот и секако е изненадувачки, иако тензиите меѓу Анчелоти и раководството не беа од вчера. Самиот тренер зборуваше на прес-конференција по натпреварот со Генк, најавувајќи дека нема да поднесе оставка и нема намера да си замине од клубот, најавувајќо дека сака да продолжи да работи, со надеж дека играчите ќе ги подобрат своите перформанси.

Клубот се заблагодари на Анчелоти за работата и изрази надеж дека двете страни ќе го задржат меѓусебното почитување. Според „Скај Спорт Италија“, одлуката за ослободување на Анчелоти била донесена од сопственикот Аурелио де Лаурентис пред средбата со Генк. Џенаро Гатузо се очекува да биде назначен за наследник на Анчелоти уште во текот на денешниот ден.

Share.

Leave A Reply