Италијанскиот стратег на клупата на Наполи, Карло Анчелоти, мирно го прифати поразот на теренот на Ливерпул кој значеше елиминација од елитната фудбалска конкуренција на стариот континент. Калчо лигашот загуби со минимални 1:0 и накрајот го освои третото место во така наречената „група на смртта“.
„Направивме се што можевме, дури и повеќе од тоа што се очекуваше од нас. Дојдовме на чекор од пласман во наредната фаза. Сега ни останува да продолжиме во Лига Европа“ изјави Анчелоти.
На крајот на групната фаза неговиот тим и Ливерпул имаа по 9 бодови, но, англичаните одат понатаму благодарение на подобрата гол-разлика.