Андерлехт шампион на Белгија по 34-пат

0

Андерлехт ја освои титулата на Белгија по 34-ти пат во својата историја, а за прв пат во три последователни години.

На едно коло пред крајот на шампионатот тимот направи 7 поени предност пред директниот конкурент Бриж. Со два гола на полскиот напаѓач Лукаш Теодорчик , Андерлехт  победи со 3:1 како гостин кај  Шарлоа. Во исто време Бриж загуби со 1:2 на гостувањето кај Остенде. По 9-то коло на плеј-офот за титулата Андерлехт има 49 поени, Бриж е со 42.

Третата позиција е за Гент кој го совлада Зулте Варегем со 5:2 и има 41. Така битката за 2-то место кое дава право на учество во квалификациите за лигата на шампионите, ќе продолжи и во последното коло кога Бриж го пречекува Гент во директен судир.

Share.

Leave A Reply