Селекторот на репрезентацијата на Шведска, Јане Андерсон, изјави дека поразот од Германија е најтешкиот во неговата кариера.
„Во моментов во мене преовладуваат емоциите, иако игравме добро и според нашите планови. Постигнавме убав гол, а требаше да добиеме и пенал. Веројатно ова е најтешкиот пораз во мојата кариера. Не освоивме бод во меч во кој игравме одлично. Надежта последна умира, ние ќе се бориме до последен момент“, изјавил селекторот на Швеѓаните.