Андерсон ќе ја чека одлуката на лекарите

0

Напаѓачот на Лацио, Фелипе Андерсон, се очекува да биде подготвен за судирот со Јувентус во Супер-купот на Италија.

Двата тима ќе се соочат в недела на стадионот „Олимпико” во Рим во 20:45 часот. Бразилецот успеал да ја санира повредата на ногата и заедно со другите рековалесценти : Валас, Џордан Лукаку и Стефан Раду го одработил вчерашниот тренинг.

Ако Андерсон не биде подготвен да го започне натпреварот со Јуве, неговото место во нападот најверојатно ќе го заземе Балде Кеита кој ќе биде во тандем со Чиро Имобиле.

Share.

Leave A Reply