Андерсон нема да игра на „USA OPEN“

0

Тенисерот од Јужна Африка, Кевин Андерсон, поради повреда на коленото се повлече од Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави кое утре попладне ќе стартува на терените во Њујорк.

33-годишниот тенисер пред две сезони направи вистински подвиг откако успеа да влезе во полу-финалето на собирот во САД.  Отсуството на Андерсон кој игра добро на тврда подлога, може да биде олеснителен фактор за Србинот, Новак Ѓоковиќ,  кој се наоѓа токму во тој дел на „костурот“ и се наметнува како главен фаворит за победничкиот пехар.

Андерсон во првото коло требаше да се сретне со домашниот тенисер, Захарија Швајда, кој се наоѓа на 410 место на АТП листата.

 

Share.

Leave A Reply