Андре Вилаш-Боаш пред договор со Олимпик Марсеј

0

Поранешниот менаџер на Челзи Андре Вилаш-Боаш е блиску до тоа да ја преземе тренерската работа во францускиот гигант Олимпик Марсеј, тврди весникот „Телеграф”.

Марсеј практично нема тренер откако стана јасно дека Руди Гарсија ја напуштил екипата. Токму самиот тренер ја објави својата намера да си замине од тимот по крајот на сезоната, откако сезонава не беше особено успешна за него и екипата.

Преговорите меѓу раководството на Олимпик Марсеј и Андре Вилаш-Боаш веќе се во тек и практично двете страни речиси се договориле за соработка.

Во текот на изминатата сезона, тимот од „Велодром“ заврши петти во Лига 1 и не избори пласман во Европа.

Share.

Leave A Reply