Андреј Стојановски заминува на Европско првенство во Лублин, Полска

0

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием за нашиот пливач Андреј Стојановски, кој ќе земе учество на претстојното, 12-то по ред Европско првенство во пливање за глувонеми, а кое во период од 02-07.07. 2018 ќе се одржи во Лублин, Полска.

Стојановски ќе настапи на 200,400 и 1500м слободен стил, 200 и 400м мешано, како и на 200м градно.

На средбата присуствуваа и претседателот на НСФГМ Тихо Русовски, координаторот за спорт во федерацијата Никола Стојаноски, како и сопатникот на Андреј за Полска, тренерот Методија Ангелески.

Share.

Leave A Reply