Ангажманот на Мурињо е грешка, смета мнозинството анкетирани

0

Мнозинството од фудбалските фанови во Англија сметаат дека доаѓањето на Жозе Мурињо во Тотенхем не е вистински потег. 58% од 100.000 фанови кои учествувале во анкетата на „Sky Sports“ и одговориле на прашањето „Дали Жозе Мурињо е вистинскиот менаџер за Тотенхем ?“, Одговориле со „Не“.

Португалецот го наследи Маурисио Почетино, кој беше отпуштен поради лошите резултати и недоразбирање со раководството.

Интересен е податокот дека Жозе Мурињо во својата кариера има освоено 25 трофеи, додека Тотенхем има вкупно 24 трофеи во своите витрини.

Share.

Leave A Reply