Ангеловски ги повика Дени Илиев и Крсте Велковски за следните два меча

0

Селекторот на македонската фудбалска репрезентацијата, Игор Ангеловски, на прес-конференција го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за последните два меча од групната фаза од Лигата на нациите, против Лихтенштајн и Гибралтар.

Нови имиња на списокот на Ангеловски се голманот на Арсенал, Дејан Илиев, како и голгетерот на Сараево, Крсте Велкоски. За разлика од претходните два меча од октомврискиот циклус, Дарко Велковски, Давид Митов Нилсон и Стефан Ристовски кои се повредени, не се вклучени во списокот.

На мечот со Лихтенштајн нема да може да играат и Езџан Алиоски и Елиф Елмас поради картони.

Во составот се враќа Иван Тричковски, кој поради повреда не беше во тимот на минатите две средби.

Share.

Leave A Reply