Ангеловски го објави списокот на играчи за натпреварите со Австрија и Израел

0

Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, го објави списокот за претстојните два квалификациски натпревари против Австрија и Израел кои се играат за пласман на Европското првенство  во 2020 година.

Меѓу повиканите се Енис Барди, кој беше повреден, а сега е повторно дел од селекцијата, а тука се и Дарко Велковски и Никола Ѓорѓев, повик доби и Даниел Аврамовски од Вардар кој игра одлично оваа сезона и е најдобар играч во ПМФЛ. За жал во составот го нема Аријан Адеми, кој има повреда, иако играше за својата екипа, Динамо Загреб.

Поради казна односно жолти картони против Австрија нема да може да настапат Илија Несторовски, Бобан Николов и Висар Муслиу, но тие ќе бидат во составот за следниот меч против селекцијата на Израел во Скопје.

Натпреварот меѓу Австрија и Македонија се игра во Виена на 16 ноември, додека дуелот со Израел во Скопје е закажан на 19 ноември.

Повикани фудбалери за Австрија и Израел:
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски
ОДБРАНА: Висар Муслиу, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Кристијан Тошевски, Марио Младеновски
СРЕДЕН РЕД: Енис Барди, Бобан Николов, Стефан Спировски, Езџан Алиоски, Ељиф Елмас, Даниел Аврамовски, Крсте Велкоски, Никола Ѓорѓев
НАПАД: Горан Пандев, Иван Тричковски, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Влатко Стојановски.

Share.

Leave A Reply