Ангеловски: Не заслуживме толку убедлив пораз

0

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски, потенцира дека вчерашниот пораз од Шпанија од 4-0 во квалификациите за Мундијалот е привисок ако се направи анализа на прикажаното на теренот.

„Резултатски не успеавме да парираме. Прво затоа што не искористивме две колосални шанси на почетокот преку Велковски и Пандев и потоа преку Алиоски во вториот дел. Посакувавме подобар резултат но, направивме грешки и им помогнавме да победат. Добро е што гледаме дека може да создаваме и шанси против селекција од рангот на Шпанија. Мислам дека резултатот е превисок според сите случувања на теренот“, изјави нашиот селектор.

Македонија во групата по одиграни 4.кола нема ниту еден бод додека Шпанија заедно со Италија со по 10 бодови се на делба на челната позиција.

Share.

Leave A Reply