Ангеловски: сите сме насочени кон победа

0

Нашите најдобри фудбалери утре на Арената во Скопје ќе го реалзираат мечот со Словенија во рамките на квалификациите за ЕП во 2020 година. Нашиот селектор, Игор Ангеловски, вели дека неговите избраници се подготвени за значајниот дуел.

„Можам да ветам дека сите се подготвени и ќе се борат за секоја педа од теренот за да дојдеме до победа. Ние играме одлично на мечевите иако имаме одредени проблеми со ростерот. Не се сомневам дека тие што ќе добијат шанса ќе ја искористат максимално“ – вели Ангеловски.

Словенечката репрезентација требаше во 11 часот да полета кон Скопје, но, поради технички проблеми на авионот летот беше одложен. Средбата Македонија-Словенија е закажана за  утре со почеток во 20:45 часот на арената – „Тодор Проески“

Share.

Leave A Reply