Англичаните не отстапуваат од правилата

0

Откако организаторите на тенсикиот „Вимблдон“ беа критикувани од играчите за состојбата на тревата, вчера се појави нова причина поради која мораше да се оправдуваат. Средбата на Новак Ѓоковиќ против Адријан Манарино требаше да се одигра на игралиштето број 1 на кое Рафаел Надал и Жил Милер направија петчасовен епски дуел кој заврши по 20 часот по локално време.

Тоа ги принуди организаторите да се одложи мечот на Ѓоковиќ за денеска на што реагираше српскиот тенисер. Во исто време на централниот терен, Роџер Федерер експересно со заврши дуелот со Григор Димитров со што се отвори можноста Ѓоковиќ и Манарино да се појават тами но, организаторот не сакал да ризикува.

„Беше оценето дека мечот не може да биде преместен на централниот терен бидејќи кон 20. 30 часот на коплексот имаше околу 30 000 луѓе. Преместувањето на мечот можеше да предизвика безбедносни проблеми “, се вели во официјалното соопштение на организаторите.

Share.

Leave A Reply