Англичаните повторно го тестираат „ВАР“ системот

0

Технологијата VAR ќе биде тестирана за прв пат на неколку натпревари во исто време во Премиер Лигата. Тоа ќе се случи в сабота на пет мечеви кои ќе започнат во 16 часот.

Минатата сезона системот беше тестиран на одделни средби, но, луѓето од ФА  сакаат да видат како ќе функционира на еден друг начин покривајќи неколку средби одеднаш. Сите видео-асистенти ќе бидат на една локација за да ги прегледуваат спорните моменти, но, во ниту еден момент нема да имаат комуникација со судиите на теренот.

Клубовите на Премиер лигата во месец април гласаа против воведувањето на системот од тековнава сезона и одлучија дека годинава треба да биде искористена само за тестирање на „VAR“ системот. Вистинската технологија ќе се користи само на дел Лигашки Куп средби и ФА Куп натпревари.

 

Share.

Leave A Reply