Англија без Роуз и МекКарти

0

Дени Роуз и Алекс МекКарти отпаднаа од составот на англиската фудбалска репрезентација за претстојните натпревари од Лигата на нациите против Хрватска и Шпанија.

Дефанзивецот на Тотенхем Роуз и голманот на Саутемптон МекКарти ќе се вратат во своите клубови, бидејќи имаат полесни повреди, соопштија од англиската фудбалска асоцијација.

Селекторот Герет Саутгејт нема да повика нови играчи на нивно место и ќе остане со останатите расположливи сили од досегашниот ростер.

Share.

Leave A Reply