Англиски екипи ги следат настапите на Барела

0

Фудбалерот на Интер, Николo Барела, може да добие понуда да се пресели во Премиер-лигата, објави денеска „Газета дело Спорт“.

Наводно, за неговите услуги се заинтересирани Ливерпул и Тотенхем. 23-годишниот Барела кој потекнува од школата на Калјари се пресели на „Џузепе Меаца“ за 40 милиони евра. Тој има договор со Интер до 2024 година што значи дека неговата откупна клаузула ќе мора да се активира доколку некој сака да го купи.

Медиумот од „Чизмата“ проценува дека  „нероаѕурите“ сепак нема да му дозволат да си замине бидејќи во континуитет покажува одлични партии на теренот.

 

Share.

Leave A Reply