Антиќ: „Не размислуваме за оставка, не може ние да влеземе да играме“

0

Раководството на КФСМ денес одржа прес-конференција на која даде свое мислење за завршените квалификации за ЕП и настапота на нашата кошаркарска репрезентација во овие квалификации.

Првиот човек на федерацијата Перо Антиќ изјави дека тој и неговите соработници не размислуваат да поднесат оставка по неуспехот на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за пласман на ЕП 2022 година. Антиќ одговори дека биле зоздадени сите услови, но не зависи од нив резултатот, туку од играчите, тие како федерација ги обезбедиле сите услови за да кошаркарите почнат да бележат успеси.

„Не размислувам за оставка. Резултатот останува на играчите, не може да влеземе на терен да играме место нив“, беше коментарот на Перо Антиќ.

Од друга страна спортскиот директор Тодор Гелевски потенцираше дека до овој момент немаа изградено став за тоа дали Тодоров ќе остане или ќе замине од селекторската позиција.

„Нема конкретен став, извештајот не е доставен. Откако ќе го достави извештај, ќе свикаме стручен совет, по што ќе биде одлучено дали ќе се продолжи договорот. И кај нас се поделени чувствата со овие квалификации. Видовме сите дека мечот со Естонија кој го игравме овде во СЦ „Борис Трајковски“ излезе клучен за овие квалификации, иако во Русија момците покажаа карактер, тимската игра, јас сум горд на нив. Само против Русија не бевме блиску до победата, најверојатно неискуството и невоиграноста беа пресудни да не се пласираме. Останува да продолжиме да работиме со младите, да организираме семинари за нашите тренери, во претквалификации за СП да се покажеме во подобро светло“, изјави Тодор Гечевски.

Share.

Leave A Reply