Се зголемуваат гласините за потенцијален трансфер на лидерот на Реал Мадрид, Факундо Кампацо во кошаркарската НБА лига иако аргентинскиот плејмејкер пред една година ја продолжи соработката со „кралевите“ за уште пет сезони.
Тој во неговиот договор има клаузула дека може да замине кога сака преку „големата бара“ под услов на клубот да му плати 6 милиони американски долари. Тоа значи дека потенцијалниот трансфер во НБА ќе го чини Кампацо 5,27 милиони долари што ќе мора сам да ги издвои. Другите неколку илјади може да бидат покриени од тимот од НБА кој ќе сака да го ангажира.
29-годишниот кошаркар до прекинот на сезоната имаше 9,9 поени и 7,1 скок на 28 натпревари во Евро-лигата.