Аргентинецот ќе се збогува со кошарката

0

Андрес Ночиони, еден од најдобрите играчи кои доаѓаат од Аргентина во последниве неколку децении, објави дека става крај на професионалната кариера.

Тој влезе во кошарката преку екипата на Олимпија Венадо Туерто во 1996-та година а веќе три години подоцна пристигна во Европа и заигра за Тау Керамика и за Манреса. Аргентинецот во 2004 година замина во НБА. Таму играше за составите на Чикаго Булс, Сакраменто Кингс и Филаделфија 76.

Во 2014-та година Ночиони потпиша за Реал Мадрид. Во дресот на „кралскиот клуб“ ја освои титулата во Евролигата во 2015-та година а беше избран и за МВП на завршниот Ф4 турнир.

Share.

Leave A Reply