Аргентинецот не сака нови играчи во тимот

0

Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, не планира да привлече нови играчи во зимскиот преоден рок иако неговата екипа бележи во континуитет разочарувачки резултати како на домашната така и на меѓународната сцена. Тотенхем е деветти во Премиер лигата со заостанување од 13 бода во однос на лидерот, Ливерпул.

„Мислам дека не ни треба нова селекција во зимскиот трансфер период. Јас им верувам на фудбалерите кои се тука во во Тотенхем. Немам намера да ангажирам нови фудбалери“ – изјави тренерот на „Спарси’.

„Го почитувам мислењето на луѓето кои велат дека ни треба промена, но, ако зависи се од мене, ќе продолжам да ги користам истите играчи затоа што тие се доволно квалитетни“ –  коментира Почетино на денешната прес-конференција

Share.

Leave A Reply