Аргентинецот сака да работи во Шпанија или Англија

0

Маурисио Почетино кој остана без клуб откако пред неколку месеци доби отказ од Тотенхем, најави дека брзо ќе се врати во фудбалот.

Аргентинецот кој во минатата година успеа да дојде до финалето во Лигата на шампионите, мораше пред време да си замине од редовите на „Спарси“, откако екипата влезе во лоша серија во сите конкуренции.

„Премиер лигата е пример за играчите и тренерите. Мислам дека Англија и Шпанија, се двете најпосакувани дестинации за секој тренер. Со големо задоволство би работел во тие шампионати“ – потенцира Почетино.

Share.

Leave A Reply