Аргентинецот се надева на трансфер во Шпанија

0

Луис Скола кој ја однесе селекцијата на „гаучосите“ до финалето на кошаркарскиот собир во Кина и кој беше издвоен како еден од најдобрите играчи на Светското првенство, може да направи трансфер во Реал Мадрид.

Според медиумите, 39-годишниот ветеран кој преговар со „кралевите“ подолг период, сега може да ја добие посакуваната понуда.  Хуан Карлос Санчез, кој е директор на кошаркарскиот тим, Реал Мадрид, никогаш не ги криел дека му се допаѓа стилот на игра на  Скола и дека со задоволство би го ангажирал.

Скола во периодот од 1998 до 2007 година играше во Шпанија бранејќи ги боите на тогашна ТАУ Керамика. Тој во еден дел од кариерата настапуваше и во кинескиот шампионат.

 

 

Share.

Leave A Reply