Аргентински тенисер фатен како мести натпревари

0

Аргентинскиот тенисер Николас Кикер е прогласен за виновен за местење натпревари, објавија светските агенции.

25-годишниот Кикер се обидел да преговара за две серии на Челинџ турнири во Италија и Колумбија во 2015 година. Тој, исто така, е прогласен за виновен бидејќи не сакал да признае како точно го сторил тоа и не соработувал во истрагата.

Одлуката за неговата казна ќе биде донесена дополнително, но привремено е дисквалификуван. Во моментов Кикер е 84-ти на АТП листата, а негов највисок ранкинг беше 78. место во јуни 2017 година.

Share.

Leave A Reply