Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, по вчерашниот пораз на теренот на Интер на стартот на Лигата на шампионите, имаше непријатна дискусија со англиските новинари. Тие го запрашаа зошто ги изостави од тимот Трипие и Алдервејде кои претходно беа стандарни на теренот.
„Тие играа против Ватфорд и Ливерпул. Многу е лесно да се зборува за играчи кои не се тука. Мислам дека треба да зборуваме за фудбалот, Вие не ги почитувате фудбалерите кои денеска покажаа подобри квалитети од противникот” – одговорил нервозно Почетино.
„Можете да ме обвинувате и да ме критикувате за изборот на почетниот состав. Имаме 25 фудбалери а само 11-ет можат да истрчаат од првата минута. Одлуката кој ќе игра е моја и мора да се почитува, јас сум менаџер“ – нагласил Почетино.