Играчот од средниот ред на Арсенал, Рис Нелсон ќе отсуствува од терените до почетокот на ноември.
Младиот играч има повреда на коленото и затоа не се најде во репрезентацијата на Англија до 21 година за претстојните квалификации. Нелсон веќе се проби во првиот состав на Арсенал и настапува се подобро. Од почетокот на сезоната, тој има шест натпревари во сите натпреварувања на кои има постигнато 1 гол и 2 асистенции.
Сепак, поради оваа повреда, 19-годишниот Нелсон ќе пропушти два или три натпревари на „Топџиите“. Тој сигурно нема да игра против Шефилд Јунајтед и Кристал Палас, а неизвесен ќе биде за дуелот со Вулверхемптон на 2 ноември.