Арсенал и официјално во Баку оди без Мхитарјан

0

Арсенал и официјално потврди дека ерменскиот репрезентатовец Хенрих Мхитаријан нема да патува на финалниот натпревар од Лигата на Европа со Челзи во Баку.

„Ние сме разочарани што мора да објавиме дека Мхитарјан нема да оди со тимот на финалето на Лигата на Европа со Челзи. Внимателно ги проучивме сите опции за негов настап, но по разговорот за ова прашање со Мхитаријан и неговото семејство решивме дека е подобро да не оди во Баку. Напишавме писмо до УЕФА и изразивме длабока загриженост за оваа ситуација. Мхитаријан беше клучен играч за нас, па оваа голема загуба во финалето нема да можеме да ја надоместиме. Исто така, многу сме тажни што играчот ќе го пропушти финалето на големиот европски турнир под такви околности“, се вели во соппштението од Арсенал.

Ерменија и Азербејџан се во конфликт поради територијата на Нагорно-Карабах.

Share.

Leave A Reply