Арсенал врши директен притисок за да се заврши сезоната во Премиер лигата. Сите фудбалски првенства во Европа, со исклучок на ова во Белорусија, во моментов се суспендирани поради пандемијата на коронавирусот.
„Целосно ја поддржуваме идејата на Фудбалската асоцијација првенството да се доигра со цел да се зачува интегритетот на турнирот. Исто така, се согласуваме дека натпреварите мора да продолжат со одобрение од надлежните органи и медицинските професионалци. Ние, заедно со другите тимови, ја следиме ситуацијата и подготвени сме да работиме заедно“, велат од „Емирати“.