Дефанзивецот Сеад Колашинац и играчите од средниот ред Матео Гендузи и Лукас Тореира би можеле да го напуштат Арсенал, објави весникот „Мирор“.
Вест Хем е заинтересиран за Колашинац, Валенсија веќе преговара за услугите на Гендузи, а Тореира е на размислување да се врати повторно во Серија А. Дефанзивецот Габриел од Лил и крилото Вилијан од Челзи се приклучија на тимот од Северен Лондон во тековниот преоден рок.
Микел Артета се одлучи да го продаде голманот Мартинез кој се пресели во Астон Вила, но сака да се ослободи уште од овие тројца играчи кои ќе му помогнат да донесе уште едно засилување до крајот на преодниот рок.