Во денот на почетокот на светското првенство во Русија, во Англија беше направена ждрепката за новата сезона во Премиер лигата која оваа година ќе почне на 11 и 12 август.
Ждрепката сакаше во премиерното коло од новата сезона на најсилното национално фудбалско првенство на планетава да се сретнат Арсенал и Манчестер Сити, дуел кој ќе биде исклучително големо дерби на отворањето на сезоната.
Во останатите дуели од премиерното коло ќе се сретнат:
Бурнмаут – Кардиф
Фулам – Кристал П.
Хадерсфилд – Челзи
Ливерпул – Вест Хем
Манчестер Ј. – Лестер
Њукасл – Тотенхем
Саутемптон – Барнли
Ватфорд – Брајтон
Вулверхемптон – Евертон