Арсенал му нуди нов побогат договор на Санчез

0

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Арсен Венгер, ќе му понуди на напаѓачот, Алексис Санчес, неделна плата од 300 илјади фунти само за да остане во редовите на „топчиите“, велат последните информации од Англија.

Чилеанскиот голгетер доколку стави потпис на нов договор, ќе стане најплатениот играч во Премиер лигата а згора на тоа ќе добие и дополнителни бонуси. Арсенал денеска ќе ја отвори новата сезона и тоа на домашен терен ќе го пречека Лестер.

Санчез поради повреда на стомачните мускули нема да игра на денешниот меч со „лисиците“.

 

Share.

Leave A Reply