Арсенал со последна понуда сака да го задржи Озил

0

Арсенал ќе упати последна понуда до својот фудбалер Месут Озил, чиј договор истекува на крајот на сезоната. Германецот одби да ја прифати претходната понуда, а според која требаше да добие 235.000 фунти неделно.

Новиот предлог ќе биде за околу 300 000 фунти неделно. Ако Озил се согласи да потпише, тој ќе стане најдобро платениот играч во историјата на клубот.

Според медиумите на Островот, Манчестер Јунајтед и Барселона пројавуваат интерес кон 29-годишниот фудбалер.

Од „Емирати” веќе не веруваат во можноста да го задржат Алексис Санчез по крајот на сезоната, но ќе направат се што е можно да задржат барем една од двете големи ѕвезди на кого им истекуваат договорите по крајот на оваа сезона.

Share.

Leave A Reply