Арсенал сака да донесе дефанзивец од Бразил

0

Арсенал се надева дека ќе успее да го привлече во летниот трансфер период дефанзивецот на бразилскиот Гремио Валтер Канеман, тврдат медиумите на Островот.

И покрај тоа што игра за бразилскиот тим 28-годишниот фудбалер е репрезентативец на Аргентина и веќе има 5 натпревари за селекцијата на својата земја, откако успеа да стане еден од најважните играчи на својот клуб и импресионираше со настапот во дефанзивната линија на Гремио.

За искусниот дефанзивец интерес има и од страна на Сампдорија, па битката за неговиот потпис треба да биде доста интересна. Лондончани сепак се подготвени да платат за него 10 милиони фунти и се надеваат дека оваа сума ќе биде доволна за да го убеди бразилскиот клуб да им го продаде Канеман.

Валтер Канеман е дел од Гремио, од 2016 година наваму.

Share.

Leave A Reply