Артета: „Давање голови е најтешко во фудбалот, но не и за Обамејанг“

0

Тренерот на Арсенал, Микел Артета го сподели своето мислење за напаѓачот на тимот Пјер-Емерик Обамејанг .

„Давањето погодоци е најтешко во фудбалот, но не и за Обамејанг. Само погледнете го неговото второ финале во ФА Купот. Арсенал отсекогаш имал неверојатни напаѓачи и Пјер-Емерик заслужува да биде на исто ниво со други големи имиња. Трофеите ќе му помогнат за тоа, како и долг престој во клубот. Се надевам дека тој ќе остане со нас“, изјави Артета.

Во сезоната 2019/2020, Обамејанг постигна 29 гола и 3 асистенции на 44 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Арсенал.

Договорот на Пјер-Емерик Обамејанг со Арсенал трае до 30 јуни 2021 година. Топџиите ова лето може да го продадат 31-годишниот напаѓач, доколку не успеат да се договорат со него за продолжување на соработката.

Share.

Leave A Reply