Ливерпул веќе неколку години е еден од најдобрите тимови во Премиер лигата и Арсенал е далеку од тоа ниво, изјави менаџерот Микел Артета откако лондончани загубија со 1:3 на „Енфилд“ во натпревар од третото коло на англискиот фудбалски шампионат. Шпанецот додаде дека „топџиите“ наскоро нема да можат да се борат за шампионската титулаи дека тоа преку ноќ не може да се направи.
Клоп го презеде Ливерпул во почетокот на сезоната 2015/2016 и првиот голем трофеј го освои летото 2019 година во Лигата на шампионите. Артета веќе го подигна ФА купот, но Ливерпул го симна Арсенал на земја синоќа со играта и резултатот од 3:1.
„Двата тима се радикално различни. Тие се во оваа постава веќе пет години и мислам дека не играа како што играа пред две сезони. Јас сум всушност сигурен во тоа. Очигледно тие направија многу промени, а исто така имаат голема самодоверба и одлични играчи. Токму тоа го немаме ние во Арсенал“, изјави Артета.
„Ливерпул ја крена границата многу високо и нивниот тим изгледа како најсилен што сме го виделе во Англија во последните години. Ние сакаме да ги стигнеме, но сепак сме многу, многу далеку” истакна Артета.
Артета ќе има втора шанса да го победи шампионот во натпревар за Лига купот во четврток. Проблем за Шпанецот е што и овој натпревар ќе се игра на „Енфилд“.