Артета не планира да го пушти Мустафи да си оди во јануари

0

Менаџерот Микел Артета не сака да се раздели со Шкодран Мустафи за време на јануарскиот преоден рок, иако германскиот дефанзивец ретко се наоѓа во почетниот состав.

Тој исто така е во последните шест месеци од договорот. Откако дозволи Салиба да оди на позајмица во Ница и потврди дека Сократис е пред заминување, Артета остана со ограничени опции во средината на одбраната.

„Засега, неговата иднина е тука. Папа (Папастатопулос) веројатно ќе не напушти во јануари, а Вилијам Салиба веќе го стори тоа и не ни остануваат многу опции. Габриел е отсутен некое време од составот, а Давид Луис е исто така повреден, па ќе биде тешко во следните недели“ рече Артета.

Мустафи го пропушти почетокот на сезоната поради истегнување на мускулот и иако играше неколку пати, има само три натпревари во Премиер лигата.

Роб Холдинг и Пабло Мари се стартери во центарот на одбраната во моментот, но Артета верува дека Мустафи може да биде нивна конкуренција. „Тој беше близу до почетната постава на неколку натпревари, но досега пронајдовме пар централни дефанзивци кои ни носат суви мрежи. Ова понекогаш е многу тешко да се промени, но не и невозможно”, изјави Артета.

Share.

Leave A Reply