Англискиот фудбалски состав Арсенал има реална шанса да го ангажира 22-годишниот Хусем Оар од екипата на Лион кој се издвојува со неговите технички квалитети.
Тој во претходната сезона во дресот на францускито состав одигра 37 средби во сите конкуренции со ефект од 9 голови и 7 асистенции. Медиумите објавија дека Лион бара за младата ѕвезда 60 милиони евра додека „топчиите“ понудиле 50-ет плус дополнителни бонуси.
Според одредени информации, за потписот на Оар може да конкурира и италијанскиот шампион Јувентус.