Артурос ќе застане меѓу стативите кај европскиот првак Вардар

0

Ракометниот репрезентативец на Летонија, Кугис Артурос, ќе го носи дресот на нашиот Вардар. 26-годишниот голман кој заедно со Криштопанс ја однесоа селекцијата на Летонија на ЕП во 2020 година, претходно настапуваше за германскиот состав Гросвалштад.

„Среќен сум што потпишав за Вардар. Скопје за мене е центар на ракометот и со нетрпение чекам да заиграм во СЦ Јане Сандански“ – изјавил корпулентниот голман.

„Вардар секогаш знаел да препознае квалитет во некој играч кој набрзо по доаѓањето во нашиот клуб веднаш станувал препознатлив на меѓународната сцена” – изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Share.

Leave A Reply