„АС“: Зидан ќе испрати понуда за Елиф Елмас

0

По Лестер и Реал (М) почнува да се интересира за македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас. Шпанските медиуми веќе пишуваат дека Зинедин Зидан им дал задача на своите соработници да го следат 19-годишниот македонски репрезентативец кој игра во одлична форма во турски Фенербахче.

Зидан во Елмас гледа фудбалер „универзалец“, кој може да одговори на повеќе позиции на теренот. Овие шпакулации денес добија потврда и од шпанските медиуми, односно од елитниот „АС“, кој пишува дека Елмас е еден од најследените фудбалери на Реал Мадрид и за краток период до Фенербахче ќе се испрати конкретна понуда.

Share.

Leave A Reply