Астон Вила бара напаѓач, Жиру е прв на списокот

0

Астон Вила ќе се обиде да го привлече Оливие Жиру во своите редови до крајот на зимскиот преоден рок, пренесуваат француските медиуми.

Тимот од Бирмингем е итно во потрага по замена на Весли, кој има тешка повреда и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Од Астон Вила се заинтересирани за Жиру затоа што сметаат дека Французин брзо ќе се вклопи во нивниот состав.

33-годишниот Жиру не е во плановите на менаџерот на Челзи, Френк Лампард, кој ретко му дава шанса да настапи од почетокот на сезоната. До сега се сметаше дека фаворит за потписот на Французинот е Интер, но изгледа дека Интер ќе има конкуренција од Астон Вила.

Share.

Leave A Reply