Астон Вила е финалист, го чека подобриот од Лидс и Дерби

0

Тимот на Астон Вила се квалификуваше во финалето од плејофот за пласман во Премиер Лигата откако го елиминираше Вест Бромвич по подобро изведување на пенали.

Во првиот полуфинален меч Астон Вила победи со 2:1, а во реваншот одигран синоќа загуби со 0:1, па според правилата на ФА потребно беше изедување на пенали за да се добие патникот во финалето.

Во нив Астон Вила победи со 4:3 и го чека својот ривал од дуелот меѓу Лидс Јунајтед и Дерби Каунти. Во првиот натпревар, Лидс победи како гостин со 1:0 и се чини дека е фаворит за пласман во финалето.

Инаку, единствениот гол за Вест Бромвич во регуларниот дел го постигна Крег Доусон во 29-та минута. Десет минути пред крајот на натпреварот, неговиот тим остана со играч помалку.

Во продолжение не беше постигнат гол, па затоа пеналите одлучија тимот од „Вила Парк“ да игра во финалето за пласман во Премиер лигата.

Share.

Leave A Reply