Аталанта за првпат во историјата во групите од ЛШ

0

Тимот на Аталанта заврши на третото место во Серија А оваа сезона и обезбеди историски настап во групната фаза од Лигата на шампионите. Со вчерашната победа над Сасуоло од 3:1 момците од Бергамо се изборија за место во одбраното европско друштво.

Покрај Аталанта оваа сезона од Серија А во ЛШ ќе играат и шампионот Јувентус, второпласираниот Наполи, како и Интер кој во последен момент со победата над Емполи го потврди 4. место на табелата.

За жал, токму Емполи кој загуби од Интер, заедно со Фрозиноне и Киево следната сезона се селат во Серија Б. Џенова на Горан Пандев со ремито без голови на гостувањето кај Фиренца во последното коло успеа да избори опстанок.

Share.

Leave A Reply