Атлетичарите се покажаа во најдоброто светло

0

Митингот од Дијамантската лига во Рабат, Мароко, донесе серија на одлични резултати и рекорди. Британецот Џинџинду Уџа, триумфираше во спринтот на 100 метри со 9.98 секунди. На 200 метри, Андре де Грас (Канада) исто така победи со рекорд на турнирот од 20.03 секунди.

Во женскиот спринт на 100 метри, олимписката шампионка, Елејн Томпсон (Јамајка) ја забележа 14-та последователна победа со 10.87 секунди додека на патеката од 400 метри, Шонеј Милер-Џибо, го оствари најдоброто време во историјата на митингот од 49.80 секунди.

Во дисциплината фрлање, ѓуле, лидерот на светската листа, Рајан Краузер од (САД), победи со рекорд на турнирот од 22.47 метри.

Share.

Leave A Reply