Шели-Ен Фрејзер-Прајс најави дека ќе атакува на златниот медал на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио. За 33 годишната атлетичарка тоа ќе биде четврти пат да се појави на Летните игри.
„Верувам дека ќе успеам. Имав доволно време за подготовка. План ми е да трчам на двете трки на 100 и 200 метри “ – изјави црномурестата спринтерка.
Шели-Ен Фрејзер-Прајс го освои златото во дисциплината 100 метри на Летните Олимписки игри во Пекинг и во Лондон додека во Рио се искачи на третото место на пиедесталот. Таа на Светското првенство во Доха беше втора на патеката од 200 метри.