Атлетичарките од Јамајка демонстрираа квалитет

0

Двократната олимписка шампионка, Шели-Ен Фрејзер -Прајс, победи на трката на 100 метри  на вториот натпреварувачки ден на турнирот од Дијамантската лига кој се реализира во Лондон.

Спринтерката од Јамајка која имаше време од 10,78 секунди успеа да ги остави зад неа Британката Дина Ашер-Смит и Мари-Хозе Талу од Брег Слонова коска.  Уште една ателтичарка од Јамајка имаше успешна вечер.

Станува збор за Румел Клејтон која победи на патеката 400 метри со пречки и тоа со личен рекорд од  54,16 секунди. Второто место го освои светската шампионка од Русија, Сузана Хаинова а третото Тиа Адана Бел од Барбадос

 

Share.

Leave A Reply