Атлетико го промовираше новото засилување во нападот

0

Раководството на Атлетико Мадрид продолжува со засилувања во обид да ја пополни празнината со напуштање на Антоан Гризман.

Денес, на „Ванда Метрополитано“ го претстави 21-годишниот српски напаѓач Иван Шапоњиќ, кој доаѓа од Бенфика за трансфер од 8 милиони евра.

„Прво на сите сакам да кажам дека еден сон ми се оствари денес, да дојдам во таков голем клуб со толку многу историја. Чест е да работам со толку многу големи играчи. Јас ќе дадам се за да му помогнам на тимот”, рече новиот играч на Атлетико Мадрид. Шапоњиќ го сметаат како специјалист за дуели во воздух.

„Не сакам многу да зборувам за себе, но мислам дека мојот најдобар квалитет е играта во воздухот“, рече младиот голгетер.

Share.

Leave A Reply