Атлетико (М) со свои преставници на преговори со ПСЖ за Кавани

0

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани е на добар пат да замине во Атлетико во јануарскиот преоден рок. Весникот „Марка“ денеска објави дека генералниот директор на Атлетико полетал кон Париз за да се сретне со сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи и да се обиде да го затвори трансферот на фудбалерот.

Раководството на Атлетико сака да ја убеди француската страна да го финализира овој договор иако ПСЖ првично одбил да го продаде Уругваецот со објаснување дека Кавани им треба во борбата за Лигата на шампионите.

Share.

Leave A Reply